Nova Godina vo hotel Ozon 3*, Kopaonik
Состанок на групата во 07:00 часот. Поаѓање кон Брзече со попатни паузи. Се патува преку граничен премин Табановце. Пристигнување во Брзече, сместување во хотел ,,ОЗОН,,. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
31.12.2021 (петок) Брзече-Копаоник
Појадок. По појадокот организирана посета на Копаоник каде ќе имате можност да уживате во прекрасните ски терени како и да ја почувствувате предновогодишната атмосфера во некое од многуте кафулиња и ресторани. Во договорено време, враќање во хотел. Краток одмор. Подготовки за дочек на Новата Година во хотелот.Организирана свечена вечера со богато мени, музика и забава според протоколи. Ноќевање
01.01.2022 (сабота) Брзече
Појадок. По појадокот, Слободно време за индивидуални активности или повторно можност за посета на Копаоник и уживање во убавините на Копаоник. Враќање во хотел. Слободно време. Реприза на свечена вечерa. Ноќевање
02.01.2022 (недела) Брзече – Скопје
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и заминување за Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 14.900 мкд
ЦЕНА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ ПО ЛИЦЕ: 12.750 мкд
Дополнителни информации:
Услови за деца:
- Дете до 6 години бесплатно (не користи легло)
- Прво дете до 12 години плаќа 70% од цената на аранжманот
- Второ дете до 12 години плаќа 50% од цената на аранжманот
Цената на аранжманот вклучува:
- Сместување во хотел ,,ОЗОН – Брзече 3* (http://www.hotelozon.rs/) на база 3 полупансиони (доручек и вечера)
- Превоз со високо туристички автобус.
- Придружник-пратител на групата за време на патувањето
- Автобуски превоз до Копаоник на 31.12 и 01.01.2021
- Организиран дочек на Новата Година со вклучена свечена вечера на 31.12.2021 и реприза на вечерата на 01.01.2021 (богато мени од српската кујна и неограничено пиење)
- Организација и водство на патувањето.
Цената на аранжманот не вклучува:
- Туристичка такса 1€ по лице на ден ( се плаќа во хотел); Деца 7-15 години 0,60€ по лице на ден; Деца до 6,99 години ГРАТИС
Напомена:
- Автобускиот превоз се врши со високо туристички автобуси на фирмата ББ Бус Турс и истите можете да ги погледнете на bbbustours.mk.
- За време на патувањето треба да бидат запазени сите протоколи како: задолжителна дезинфекција при влез во автобус и одржување на дистанца за патници кои не патуваат зедно,задолжително носење на маска која ке ги покрива устата и носот.
- Пополнетоста на патници во автобусот ке биде согласно моменталните протоколи за патување.
- Во текот на целото патување во автобусот ке има и придружник од агенцијата.