vila Makedonija, Poros, Kefalonija

Вила Македонија е сместена на околу 40 метри од плажата и главниот плоштад на Порос во првата уличка. Се состои од двокреветни и трокреветни студија, и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат кујна со прибор за соодветниот број на лица и тераса. Вилата се наоѓа на околу 270 метри или 3 минути од најблискиот базен, кој е достапен за гостите со конзумација. Вилата има безжичен интернет и клима уред за чие користење со доплатува по желба на лице место.

Понудата е по лице за 9 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 25€ по лице.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Кефалонија
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Туристички придружник за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
  • Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице
  • Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус)

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
  • Вилите имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Порос. Сместување во апартманите. За време на престојот во Кефалонија ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија