vila Atina, Jerisos
Куќа “Atina” се наоѓа на добра местоположба, на само 150 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во местото. Во куќата располагаме со 3 наши високо квалитетни студија кои се наоѓаат на прв кат. Куќата е нова градба, за најпробирливите патници. Сите студија се многу пространи и се опремени со фен, пегла, тостер, кафемат, комарници, даски за пеглање и сл., огромни тераси со маси и столови, високо квалитетно средени кујни со апсолутно сите потребни елементи во кујните, како и реновирани пространи тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг пред вилата.
Студио број 1 (1/4) – пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет и 2 стандардни кревета.
Студио број 2 (1/4)– многу пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, стандарден кревет и софа за дете.
Студио број 4 (1/4) – многу пространо студио со огромна тераса (страничен поглед море), целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, 2 стандардни кревети и софа.
40.398701, 23.879398
5% попуст за вонсезонските цени, и 10% попуст за сеонските цени, за резервации до 01.03.2025 со 50% уплата, и целосна доплата до 05.04.2025
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Туристичката такса се плаќа на лице место и изнесува 2 евра на ден по апартман
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Aгенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот во објектот