vila Zafiria, Polihrono

Вилата ЗАФИРИЈА се наоѓа во мирен дел на само неколку минути од центарот и 150 метри од плажа. Реновирана во 2019 година. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна, бања, балкон, ТВ, WiFi (од 01 Јуни) и клима уред, вклучена во цената.

Студио бр.2 и бр.3 – двокреветно студо, брачен кревет, на 1кат.

Студио бр.6 и бр.7 – трикреветно студио, брачен и единечен кревет, на 2кат.

Студио бр.Б – четворокреветно студио, 4 единечни кревети, на приземје.

Апартман бр. А – трокреветен апартман со две соби, брачен во спална, единечен во кујна, на приземје.

Апартман бр. 1 и бр.4 – трокреветен апартман со две соби, брачен во спална, единечен во кујна, на 1кат.

Апартман бр.5 – трокреветен апартман со две соби, 2 единечни во спална, единечен во кујна, на 2кат.

Апартман бр.8 – четворокреветен апартман, брачен во спална, два единечни во кујна, на 2кат.

15% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 22.01.2025 до 28.02.2025 (минимум уплата од 50% и доплата до 28.03.2025)

ЦЕНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО * СЕ ПАКЕТ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ СО ГРАТИС ПРЕВОЗ, ПОПУСТИ СЕ ПРЕСМЕТАНИ

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦАВО 1/2 и 1/3 СТУДИО/АПАРТМАН, ТРИ ЛИЦА ВО 1/4 СТУДИО/АПАРТМАН И ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА

ЦЕНИТЕ без * во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања, и се изразени во евра (1еур=62ден.).

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 50EUR (40 EUR за дете 02 до 12 год.)