vila Amelija, Nei Pori

ВИЛА АМЕЛИЈА се наоѓа на 80 метри од плажа. Распoлага со трикреветни студија и петокреветни дуплекс апартмани. Секоја соба има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа) и Wi-Fi. Вилата нема пешкири.

бр.101– дуплекс апартман со две спални соби. Секоја спална има 1 дупли и еден единечен кревет. Се наоѓа на високо приземје.
бр.204– дуплекс апартман со две спални соби. Едната спална соба има два единечни кревета, а другата спална има два грчки француски кревета. Големо купатило, мала кујна. Поглед кон заден двор-градина. Се наоѓа на 1 кат.
бр.205– дуплекс апартман со две спални соби. Едната спална има еден грчки француски кревет и еден единечен кревет, другата спална има еден француски кревет. Поглед кон задна страна-градина. Се наоѓа на 1 кат.
бр.305– 1/3 студио со еден дупли и еден единечен кревет. Поглед море. Се наоѓа на 2 кат.
бр.306– 1/3 студио со еден дупли и еден единечен кревет. Поглед позади. Се наоѓа на 2 кат.
бр.307– 1/3 студио со еден дупли и еден единечен кревет. Поглед позади. Се наоѓа на 2 кат.
бр.308– 1/3 студио со еден дупли и еден единечен кревет. Поглед позади. Се наоѓа на 2 кат.
бр.309– 1/3 студио со еден дупли и еден единечен кревет. Поглед позади. Се наоѓа на 2 кат.
бр.310– 1/3 студио со еден дупли и еден единечен кревет. Поглед позади. Се наоѓа на 2 кат

РАН БУКИНГ 20% ПОПУСТ

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.05.2026

РАН БУКИНГ ЦЕНИТЕ важат за резервации направени до 28.02.2026.

-ЦЕНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО * СЕ ПАКЕТ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ СО ГРАТИС ПРЕВОЗ, ПОПУСТИ СЕ ПРЕСМЕТАНИ

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ЗА 1/3 СТУДИЈАТА, ТРЕТО ЛИЦЕ ПЛАКА САМО ПРЕВОЗ

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ТРИ ЛИЦА ЗА 1/5 ДУПЛЕКСОТ, ЧЕТВРТО И ПЕТТО ЛИЦЕ САМО ПРЕВОЗ

ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА

Другите цени во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенцијата.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR (40 EUR за дете 02 до 12 год.)