vila Poseidon, Kalitea
Вила Посеидон се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот. Паркинг за возила сама вила не нуди, но има на 30м од самата вила веднаш до хотелот Маргарита, и истиот е бесплатен. Вилата располага само со трокреветни и четворокреветни студија.
Трокреветното студио располага со брачен кревет за две лица, по грчки мерки т.е потесни од стандардните спални и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење која е одвоена од спалната, но не и со врата, сопствен тоалет,wi-fi балкон кој гледа странично на море или кон градина, а истото е лоцирано на трет кат и НЕ е реновирано. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
Четворокреветните студија располагаат со брачен кревет за две лица, по грчки мерки т.е потесни од стандардните спални и две единечни стандардни легла. Истите можат да бидат лоцирани на приземје (без оградена тераса нереновирано студио) на трет кат со страничен поглед на море со број 24 и 26 не реновирани и 23 и 25 реновирани, едно студио на четврти кат со голем балкон и директен поглед на море – реновирано, и едно студио со поглед на градина кое се наоѓа на трет кат и е реновирано со број 21.
За Лето 2022 вилата се уште нема информација за лежалките на плажа, дали ке смеат да ги постават, во моментот не се вклучени во цена.
GPS Координати: 40°4’43.1”N 23°26’41”E
-7% ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 28.02.2022 (не важи за промо)
Цените се по студио за 7 ноќевања, во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари.
- За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат, - *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
- Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
- Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 45еур по лице