vila Cimbukas, Hanioti

Куќа „Цимбукас“ е лоцирана во самиот центар на Ханиоти, на исклучително убава и атрактивна локација, посебно за оние кои сакаат да уживаат во ова монденско летувалиште во ноќните часови. Има паркинг на околу 100 метри од куќата а истата е оддалечена 100-150 метри од плажа. Располага со 4 високо квалитетни студија (полу-апартмани) кои се целосно реновирани (летото 2019г) и естетски модерно уредени. Во првиот дел од студиото има софа на пуштање или два одвоени кревети а во продолжение брачен кревет. Комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет и големи тераси со поглед на шеталиштето во Ханиоти. Интернетот и климата се вклучени во цената.

Попуст за рана резервација:

– 10% попуст за вонсезонски цени /-15% попуст за сезонски цени

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува 10 евра (620 денари).
  • Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплатата за трето лице од 40 евра (без разлика дали користат превоз).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз.Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 2,99 години во кревет со возрасен.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.