vila Ana, Nea Flogita

Куќа “Anna” е лоцирана на oдлична локација, во центарот на Неа Флогита и на само 30 метри од прекрасната плажа. Располагаме со три квалитетни апартмани, од кои два се лоцирани на прв кат и еден на втор кат. Секој апартман располага со комплетно опремена кујна, ТВ и сопствен тоалет. Wi-Fiклима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Апартманите имаат големи сопствени тераси со комарници, опремени со маса и столови. Гостите со сопствени возила може да се паркираат пред вилата. Во близина на куќата има маркети, ресторани, таверни, сендвичари и продавници.

1/5 + 1 апартман бр. 1 – прв кат. Простран апартман кој располага со спална соба опремена со брачен кревет и сопствена тераса со поглед кон дворот. Располага со дневна соба и со целосно опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ и клима уред. Во дневниот простор има еден брачен кревет со помали димензии, еден стандарден кревет и софа на пуштање. Од дневна соба се излегува на пространа тераса со поглед кон улица. Апартманот има сопствено купатило со када.

1/4 + 1 апартман бр. 2 – прв кат. Простран апартман кој располага со дневна соба и со целосно опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ, клима уред и два стандардни кревети, со можност да се додаде дополнително легло. Од дневна соба се излегува на тераса со поглед кон улица. Во спална соба има брачен кревет. Апартманот има сопствено купатило со када.

1/4 + 1 апартман бр.3 – втор кат. Простран апартман кој располага со дневна соба и со целосно опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ, клима уред и два стандардни кревети, со можност да се додаде дополнително легло. Од дневна соба се излегува на тераса со поглед кон улица. Во спална соба има брачен кревет. Апартманот има сопствено купатило со када.

GPS Coordinates:  40.25780114980285, 23.21508989601125  

Вонсезонски цени: цени по лице за 7 ноки со вклучен превоз

 

Цените во табелата се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања без превоз:

 

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице:

    • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
    • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
    • Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
    • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
    • Oрганизаторот не е одговорен за квалитетот на интернетот во објектот
    • Доплата за превоз:
    • 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)