vila Panos, Limenas, Tasos
Panos има одлична локација, во центарот на Лименас, блиску до старото пристаниште и археолошкиот музеј, оддалечена околу 100 м од градската плажа. Има двокреветни и трикреветни апартмани, како и апартмани за сместување на 4-члено семејство, со 2 кревети во спалната и кауч на развлекување во дневната соба. Сместувачките единици се со поглед на море и се наоѓаат на 1. кат. Во непосредна близина има јавен, бесплатен паркинг. Сите имаат опремен кујнски дел, купатило со пешкири, тераса, ТВ, Wi Fi интернет и клима уред и во спалната и во кујната, чие користење е вклучено во цената. Чистење, промена на постелнината и пешкирите е 5. ден од престојот.
Google kordinate: Latitude: 40.780100 | Longitude: 24.711729
10% попуст за резервација до 31.03.2022
Цените се дадени по лице за 10 нокевања, без превоз.
- PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет. Лице кое користи таков кревет не плаќа за истиот, односно го користи бесплатно.
- Во 1/2+2PP третото и четвртото лице не плакат
- Превоз сопствен
Такса за престој во висина од 0,5 eur на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место, при влез во објектот.
НАПОМЕНИ:
- Во собите се влегува од 16:00 часот, а се напуштаат до 09:00 часот