hotel Soleil, Kusadasi

Положба:Хотелот Soleil е лоциран на само 300 метри од плажата Ladies Beach и 3км од центарот на градот.

Сместување: Во Хотелот Soleil сите соби располагаат со сопствен балкон, сопствена бања (туш или када, тоалет,фен за коса), клима уред (со доплата во месец Јуни и Септември), ТВ, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција.

Услуга: Хотелот е на база HB (ноќевање, појадок и вечера). Хотелот располага со еден ресторан кој располага со затворен и отворен дел. Во овој ресторан гостите може да пробаат разновидни регионални и интернационални јадења. Хотелот исто така располага со еден бар.

Бесплатни услуги:користење на главниот ресторан за време на доручек, Wi-Fi конекција, паркинг, базен на отворено, лежалки и чадори покрај базенот, ТВ салон, градина и детско игралиште за најмалите.

Услуги со доплата: Пијачки во барот, лежалки и чадори на плажа, сеф, телефон, медицински услуги,водени спортови.

Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, еден бар, паркинг, 24/7 рецепција, надворешен базен.

Плажа: Хотелот е оддалечен на само 300m метри од плажата Ladies Beach.Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нејзината чиста вода. Во близина на плажата се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.

Цените се дадени по лице, за 7 нокевања на база полупансион, со вклучен превоз.

  • Политика за деца за пакет аранжман :
    • Прво Дете  0-5,99 год. – Бесплатно сместување во хотел. ( Повратен автобуски билет 80eur).
    • Второ Дете  0-2,99 год. – Бесплатно сместување во хотел. ( Повратен автобуски билет 80eur).
    • Деца од 6-11,99 год. – 20% попуст
  • “Само хотел ”се одбиват 80 еур.
  • Организиран превоз од: Скопје,Куманово,Тетово,Штип,Велес,Неготино,Гевгелија
    • Цените се дадени по лице во дво креветна и трo креветна соба.
    • Курс на пресметување 1 еур = 62 ден.