Veligden vo Kapadokija, avionski
Кападокија – Магија и мистика / АВИОН…….€449,00
ТЕРМИНИ: 22 Aприл 2022
01 Ден: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ:
Состанок на групата на аеродром Александар Велики , Скопје во 05:30. Полетување на авионот за за Истанбул во 08:25. Слетување во Истанбулво л.в. Полетување на авионот за Кајсери во . Слетување во Кајсери во 18:00 часот по локално време. Трансфер до хотел. Ноќевање.
02– 5 ден: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА : За време на престојот во Гореме – Кападокија, предвидовме бројни магични, возбудливи излети и доживувања кои никако не треба да се испуштат.
ЛЕТ СО БАЛОН: од платото на хотел ТУРИСТ 4*! Рано наутро пред волшебното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа авантура никогаш нема да ја заборавите… уживајте во убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако…чудесното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига до 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.
*Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).
МАГИЧНА КАПАДОКИЈА:
Замокот Учхисар: Почнуваме со панорамски поглед кон највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме…
Долината на гулабите – Поглед на долина која е големо живеалиште на гулабите.
Посета на фабрика за накит( производство на сребро и злато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил за Хурем Султан.
Потоа го посетуваме подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени се 7 ката под земјата. Истиот е поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км….
Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендез, со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок од калинка, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река…
По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. Враќање во хотел.
СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА:
Предлагаме особено возбудлив излет: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”- Одиме буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год.
Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработени сувенири. Ручек во локален ресторан.
После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:
Дервент – долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.
Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.
Пашаба – или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„. Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најмногу фотографирано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.
МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.
* Долината на „Трите Убавици„ Почнуваме со посета на долината каде ќе ја слушнеме тажната легенда за “ Трите убавици”.
* Ургуп .Патуваме кон најголемото место во Кападокија, со траги од стари Грчки, Римски и Селџуцки куќи.
* Мустафапаша.Посета на некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото. Место каде живее веќе трета генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска Македонија 1923/4 г. но сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Вистинско време за едно вистинско турско кафе или турски чај.
Ќе ја видиме и црквата Константин и Елена, во центарот на Мустафапаша.
*Посета на фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови.
* Ортахисар.Излетот го завршуваме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Од видиковецот над Ортахисар ќе имате пркрасен панорамски поглед на градот. Место каде се снимаат автентични ТВ серии. Ручек во локален ресторан.
Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме.
ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :
– “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура. (Дозвола за управување не е потребна) или….
– “BUS SUNSET TOUR”: Одиме на прекрасен видиковец над Долина на Розите и Црвената долина: Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можност за прошетка по падините на вулкнското брдо уживајќи во најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.
За љубителите на авантури, можност за пешачење низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се протнеме низ нив, уживаме во волшебниот пејсаж, додека сонцето полека заоѓа. Ќе ја посетиме и Црквата со Крстови од каде црвената долина е како на дланка.
Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Црквата на крстот е една од најдобро сочувани цркви во Кападокија што треба да се посетат.
Турска вечер : Во вечерните часови одиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц, во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна вечера по ваш избор и неограничена дегустација на домашни пијалоци: вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.
ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите проследен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.
ЈАВАЊЕ НА КОЊИ:
Двочасовно јавање на прочуените убави коњи во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци. Во зависност од вашата вештина на јавање, се одредуваат и патеките по кои се јава.
05 Ден : ЃОРЕМЕ – КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ:
Појадок. Слободно време до трансфер на аеродром во Кајсери ( точно време ќе биде дадено ден порано од нашиот партнер)
Полни со впечатоци, во 20:00 ч. поаѓаме кон Кајсери. Полетување на авионот од Кајсери за Истанбул во 22:50 ч. Слетување во истанбул во . Полетување на авионот за Скопје во . Слетување на авионот во Скопје во 07:25 ч.по Македонско време, следниот, 6 ти ден.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:
Цени по лице
Хотел во Гореме | OSMAN BAY CAVE h. TOURIST 4* | CAVE HOTEL / KAYA STONE 4* | ||||||
Редовна цена | Редовна цена | Редовна цена | Редовна цена | |||||
Аранжман | ||||||||
# пополнето | ||||||||
5 дена / 4 ноќевања | 499 € | 509 € | 529€ | 549€ |
- Доплата за 4 Полупансиони во х.Османбеј, Ѓореме: 30€/ 1.860 ден. по лице
- Доплата за еднокреветна соба: 12.000 ден
Напомена:
- Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите.
“OSMANBAY” Cave/Stoneхотел во центарот на Гореме. – Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење…Со прекрасен поглед од терасата на хотелот кон многуте Самовилини оџаци и панорамата на Гореме. Wi-Fi
“KAYA 4*” de lux Cave/Stone хотел, 500 m од центарот на Гореме . Сместен во автентичен амбиент на Кападокија, на возвишување со прекрасен поглед кон Долината на Гулабите од една страна и Гореме од друга страна. Конфорно опремени соби со уникатен дизајн од Кападокија. Располага со затворен, загреан базен, Сауна, Амам ( вклучени во цената). Wi-Fi
“ТOURIST” хотел 4*: Сместен во Гореме, на плато од каде полетуваат балоните, со поглед на Музејот на Отворено и на Самовилините оџаци. На само неколку мин. од центарот на Гореме.
Со голем базен пред самиот ресторан. Пространи соби со бања и тоалет, клима, ТВ. Wi-Fi
Cave/Stoneхотел во Гореме. – Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење. Wi-Fi. Името на хотелот ќе биде познато 7 дена пред тргнување.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
- Авионски превоз со PEGASUS AIRLINESСкопје-Кајсери-Скопје
- Аеродромски такси
- 4 Ноќевања со појадок во хотел по ваш избор, според табелата,во Гореме, во срцето на Кападокија..
- Трансфери од аеродром Кајсери до хотел и назад
- Чекиран багаж до 20 кг.,
- Услуги на локалната агенција,
- Организација на патувањето,
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 250 мкд,
- Туристичка такса 2 € по лице од ноќевање. ( се плаќа во агенција, во денарска противредност )
- Потврда за вакцинација или ПЦР тест за влез во Турција доколку треба и Потврда за вакцинација или ПЦР тест за враќање во Македонија доколку треба.
- Не спомнати услуги.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
- “Магична Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (50€),
- “Срцето на Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (50€),
- “Мистична Кападокија”, вклучен ручек, превоз, локален водич : (35€),
- ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: “МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА”
- “Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” = 110 €
- ATV SUNSET TOUR, трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (20€) по лице (мин 2 лица)
- Црвена Долина со залез на сонцето, превоз, локален водич: (15€),
- Турска вечер со шоу програма, мезе, вечера и неограничен пијалок, превоз, локален водич: (30€),
- Танц на дервишите : церемонија , превоз, локален водич: (25€),
- Лет со балон – (од 160 €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација. * Во случај на уплата за лет со балон во Агенција, а истиот биде откажан поради временски неприлики за време на престојот на патниците, средствата ќе бидат целосно вратени на патниците при нивното враќање во Македонија.
- Јавање на Камили – 1 час: 25€
- Јавање на коњи – 1 час: 25€
- Утринско JEEP SAFARI – 2 часа: €
- Резервација и плаќањето на факултативните излети кај нашиот преставник во Турција
НАПОМЕНИ:
* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 2 патника.
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.
* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
* Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите.
* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
* Ве молиме да го проверите летот на авионот 24 часа пред тргнувањето
ЗАБЕЛЕШКА Задолжителен сертификат за вакцинација, ПЦР или Антиген тест за влез во Турција. Патуваме безбедно и по протокол. Агенцијата организира тестирање во лиценцирана лабораторија по најниски цени за група патници.За секоја промена на протоколите, патниците ќе бидат известени на време.