vila Natasha, Hanioti

Вила Наташа се наоѓа во близина на центарот на Ханиоти, на околу 80 метри од плажата. Вилата располага со студија, апартмани и дуплекс апартмани кои се наоѓаат на втор и трет кат. Сите соби располагаат со комплет опремени кујни, бања, ТВ, Wi-Fi, клима и пешкири. Има лифт, а спроти вилата има јавен паркинг.

Студио бр.30 и бр.31 – трокреветно студио со брачен и единечен кревет на 3кат.

Апартман бр.22 – трокреветен апартман со две соби, кујна со единечен кревет и спална со брачен, на 2кат.

Апартман бр.27 – четворокреветен апартман со две соби, кујна со два единечени кревет и спална со брачен, на 3кат.

Апартман бр.28 – четворокреветен апартман со три соби, кујна и две спални со по два единечени кревет на 3кат.

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 1,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)