vila Kiki, Nea Flogita
Куќа „Кики“ е лоцирана во најубавиот дел на почетокот на Неа Флогита, прва линија на море, на сама плажа. Има слободно место за паркинг околу неа. Располагаме со трикреветни, четирикреветни и петкреветен (дуплекс) апартман, сите се со директен, отворен поглед на море. Со комплетно опремени кујни, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената.
Во собите нема пешкири.
Координати: 40.257798, 23.210131
-
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
- Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3, 4 и 5 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
- Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3,100 денари (50 евра)
- За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
- Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на леглата.
- Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
- Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректноста на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
- Туристичката такса 1.5eur на ден од студио/апартман се плаќа на лице место.