Villa Soula се наоѓа на околу стотина метри од песочната плажа во Неи Пори. Нејзината внатрешна организираност, се каракеризира со убаво уредени трокреветни студија, распоредени на првиот кат од објектот. Во близина на вилата се наоќаат неколку супер маркети, продавници и ресторани за потребите на бројните гости во Неи Пори. Студијата со броевите 2, 3 и 4 се ориентирани кон саната улица (предна страна од објектот) која води кон плажата, а студијата со броевите 1 и 5 се ориентирани кон задната страна на објектот и имаат поголеми балкони. Овој објект кој е во близина на големата плажата, е добар избор за оние кои претпочитаат близина до морето.
* Објектот е “pet friendly” и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.
Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
* Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Доплата за туристичка такса 1.5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Употребата на клима уредoт се доплака 5еур на ден.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување.
-Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
-Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
– Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот.
-За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
– Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)