vila Aleksandra, Nikiti

Куќа „Александра“ е лоцирана во исклучително мирен дел на Никити, оддалечен од гужвата и метежот кои во текот на највисоката сезона се интензивни. Истата има соптвен паркинг, голем убаво уреден двор, а од плажата – море е оддалечена околу 50 метри. Четирикреветните студија се опремени со француски кревет и легло на пуштање или француски кревет и два стандардни кревета, а во мезонетите има француски кревет во долниот дел како и француски кревет во горниот дел и директен поглед на море, сите се со комплетно опремени кујни. Интернет и клима вклучени во цената.

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се дадени  за наем на цело студио  за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / во еден правец 2.170 денари (35 евра)
    • За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) / во еден правец 1.860 денари (30 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.