vila Diogenis, Parga
Оваа вила се наоѓа во градина од маслинки над Валтос плажата. Одалечена 400 метри од море и околу 500 метри од стариот град Парга. Студио 02 поседуваат два стандардни кревети или еден француски кревет на приземје. Студијата поседуваат кујнски дел (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), купатило,ТВ,клима и тераса со гарнитура за седење. Климата се доплаќа. Се работи за комплекс кој го сочинуваат четири сместувачки капацитети и базен со тераса за сончање. На крајот, комплексот поседува студија кои се сместени на приземје и се означени со ПРОМО, стандардно опремени со посебна тераса.Агенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот.
Цените се дадени по лице за 9, 10, или 11 нокевања, без превоз, и се изразени во евра (1еур=62ден.)
Доплата на тур.такса на лице место
Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;