Kavos 2022
КАВОС е најатрактивното место за забава и летување на КРФ. Најпретпознатливата дестинација за забава на брегот на Јонското море. Сокриената оаза на лудиот провод на јужниот дел од островот. Дискотеки, клубови и барови, главната улица, место кое живее 24/7! Дестинацијата од која започнавме да ги составуваме нашите најлуди спомени со огромен број на пресреќни патници кои често се враќаат и по втор пат.
Vila Babis
Vila Babis се наоѓа во строгиот центар на Кавос, на главната улица и 2 минути пешачење до плажата. Вилата содржи 1/2 студија, 1/3 студија со помошен кревет лица, 1/4 апартмани и 1/5 апартмани со помошен кревет. Секоја сместувачка единица содржи мини кујна, фрижидер, клима уред и излез на тераса, WI – FI.
Vila Kalimera Fotis се наоѓа на централната улица на Кавос, на 5 минути пешачење до клубовите и плажата. Вилата содржи комфортни студија за 3 лица. Содржат мини кујна, фрижидер и клима уред. До самата вила имаме сместување со базен кој можеда се користи
Vila Ocean 1
Vila Ocean 1 – се наоѓа во строгиот центар на Кавос, на главната улица, во непосредна близина на баровите и клубовите, на само 100 метри од плажата. Вилата поседува 1/2 и 1/3 студија со сопствено WC, мини кујна, тераса, клима уред кој се доплаќа. Гостите од вилата можат да го користат базенот од комплексот Одисеј кој е во близина на самата вила.
- 9 ноќевања во избраното сместување;
- Автобуски превоз на релација – Скопје – Кавос – Скопје;
- Траект на релација Игуменица – Лефкими – Игуменица;
- Туристички пратител за време на престојот;
- Организација за време на патувањето;
Цената на аранжманот не вклучува:
- Туристичка такса 0.5. eur по соба на ден;
- Факултативни излети (журки)
- Индивидуални трошоци на патникот