Kipar
1 ден (20.10 – ПЕТОК) : СКОПЈЕ – СОЛУН -ЛАРНАКА
Состанок на групата на Дрво Декор во
08:00. Трансфер до аеродромот во Солун, планирано полетување за Ларнака во 15:50 ч.
Пристигнување во Ларнака во 17:50 часот, организиран трансфер до хотелот. Сместување во
собите. Слободно време за прошетка покрај плажа и можност уште еднаш да се напиете кафе и
уживате со поглед на морето
2 ден (21.10– САБОТА): НИКОЗИЈА – ЛАРНАКА
Појадок. Факултативна посета на Никозија, локално се употребува името Левкозија, главниот
град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Градот е разделен на два дела, северниот дел се наоѓа
во Турска Република Северен Кипар. Старото име на градот е Ледра.
Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија, па затоа
градот го нарекле Никозија. Ледра денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозија.
Прошетка низ градот и слободно време за ручек и индивидуални активности.
Враќање во Ларнака. Разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински
автентична, Ларнака е најстариот град на Кипар со богата историја која датира од пред 10.000
години или неговата ,,душа”. Централно поставена, има многу лесен пристап до и од сите
региони долж островот.
Денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт. При разглед на
градот Ларнака, се посетуваат повеќе знаменитости, како што се: Големата џамија-Кебир, Султан
Теке, Археолошкиот музеј Пиеридес.
По разгледот на градот ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го
нуди плажата Финикудес во Ларнака. Потоа се посетува центарот на градот како и црквата
Св.Лазар.
Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него, до ден денес,
се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. Потоа следи
слободно време за кафе, ручек или пак коктел во некој од многубројните барови, ресторани,
таверни кои се наоѓаат на самиот брег. Ноќевање
3 ден: (22.10.– НЕДЕЛА) – АЈА НАПА
Појадок во хотел. За овој ден предлагаме
факултативен излет за да поминете
прекрасен ден во градот Аја Напа односно на
плажата Nissi Beach
Аја Напа е можеби најпопуларен
туристички центар на Кипар, со многу
сонце, кристално чисто море и прекрасни
пејзажи.
Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго
име му е и „втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот.
Бројните ресторани, барови, дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се
препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја
красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach – долга 1 км и Nissi Beach –
долга 2 км на која пристигнуваме и можност за уживање во една од најубавите плажи во светот.
Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање.
4 ден (23.10 – ПОНЕДЕЛНИК):
ЛАРНАКА – СОЛУН – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Одјавување од
хотел.куферите ги оставаме на
рецепција. Слободен ден односно
Слободно време за прошетка за плажа,
можност уште да се напиете кафе,
пивце, коктел, ручек или едноставно да
уживате во Ларнака .
Трансфер до аеродормот во Ларнака во 17:45 часот. Чекирање, пасошки и царински
формалности. Полетување кон Солун е во 19:40 часот. Пристигнување во Солун во 21:55 часот
локално време…По слетувањето се упатуваме кон Скопје. Пристигнување во утрински часови.
РАНА УПЛАТА – 359 евра
РЕДОВНА ЦЕНА – 419 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Директен лет на релација Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air;
• Мала кабинска торба/ранец со димензии 40x30x20cm;
• Организиран трансфер на релација Скопје-Солун-Скопје
• Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
• Сместување во хотел во Центар на Ларнака на база ноќевање со појадок – Хотел ХАИ
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Факултативно разглед на градот Никозија и разглед на Ларнака –
• Факултативна посета на Nissi Beach ( Аја Напа ) со пратител и трансфер –
• Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm) –
• Задолжителна Туристичка такса – (2 еврa по ноќ по лице)
• Задолжително Патничко осигурување 250 денари
Напомена:
• Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30%
од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации
се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
• За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. П