Saraevo-Mostar-Јablanica

1 ДЕН: 10.11.2024 – Четврток

Состанок со групата во 19.30 час. поаѓање за Сараево во 20.00 час  од Скопје. Се патува преку граничен премин Табановце , само со лична карта со попатни паузи за одмор и царински формалности. ( Патниците за точно место и час ќе бидат исвестени пред поаѓање.)

2 ДЕН: 11.11.2024 – Петок – САРАЕВО

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на Сараево со локален туристички водич: Хотел Европа, Катедралата Срце Исусово, Vjicenca местото каде што е извршен атентатот на Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, Бегова Џамија и најпознатата Башчаршија. После разгледот слободно време за индивидуални активности , во договорено време сместување во Хотел 3* во Сараево. Ноќевање.

3 ДЕН: 12.11.2024 – Сабота – САРАЕВО – ЈАБЛАНИЦА – БУНА – МОСТАР

Појадок. После појадокот поаѓање за Мостар, прва попатна станица е Јабланица – позната по Битката на Неретвна и истемениот филм снимен во 1969 год. – градче кое ќе Ве фасцинира по прекрасната природа и неодоливиот мирис на храната готвена под сач ( разновидни пити под сач, јагнешко под сач… ) . Се продолжува кон Мостар со попатна пауза на Врело Буна – извор на реката Буна еден од најубавите извори во Европа – место каде природата го покажува сиот свој раскош – покрај фасцинантната природа местото избилува со ресторани, кафулиња и хотели за релаксација. После посетата на Врело Буна групата се упатува кон Мостар. Самиот Мостар е град и приказна која никого не остава рамнодушен. Покрај стариот мост, стариот дел на градот фасцинира со самата архитектура , карактеристичната калдрма, а сликата и уживањето да бидат целосни придонесуваат и големиот број автентични дуќани , малите сувенири, рачно ткаените килими и етно рестораните. Слободно време за прошетка низ Мостар. Во попладневните часови поаѓање за Сараево. Ноќевање.

4 ДЕН: 13.11.2024 – Недела – БОСАНСКИТЕ ПИРАМИДИ – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот посета на Босанските Пирамиди. Пред повеќе од 10 години, Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османагич – Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизацијаПосле посетата на пирамидите се поаѓа за Македонија со попатна пауза на Вишеград  – град на реката Дрина и секако познат по симболот на градот Мостот на Дрина и истоимената книга на небеловецот Иво Андриќ. Пристигнување во Македонија во вечерните или раните утрински часови.

ЦЕНА: 109 еур ( по лице )

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • 2 ноќевања со појадок во Сараево
  • Автобуски превоз
  • Посета на Вишеград
  • Туристички придружник во текот на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Крстарење по Дрина – 5 €
  • Посета на Титов Бункер, Јабланица, Буна и Мостар – 70 евра
  • Босанските Пирамиди – 25 евра
  • Туристичка такса – 2,5 евра по лице за целиот престој
  • Патничко – здравствено осигурување.
  • Организиран трансфер