Nova Godina vo Tivat

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

30.декември (петок)  СКОПЈЕ – ТИВАТ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00ч. Поаѓање на автобусот за Тиват во 23:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

31.декември (сабота)  КОТОР – ТИВАТ
Пристигнување во Котор во претпладневните часови, разглед на градот со локален водич и прошетка низ прекрасниот, стар град – Котор, катедралата на св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, поморскиот музеј, црквата Св.Никола..Патувањто продолжува кон Тиват со организиран разглед на градот: плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс “Порто Монтенегро”, Ботаничката градина (изградена по наредба на адмиралот на австроунгарската морнарица Макимилиан Даблес фон Шротернек, кој со  декрет побарал од сите капетани да донесат примероци од разни растенија за да го украсат военото пристаниште Арсенал во Тиват). Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренети и денес, а градината која зафаќа површина од 4 хектари е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечерта можност за факулативен Дочек на Новата Година со Здраво Чолиќ во Котор. Ноќевање.

01.јануари (недела) ТИВАТ – ДУБРОВНИК
Појадок. По појадокот факултативен целодневен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Тиват. Вечерта можност за факултативна посета на музичкиот настап  на Дино Мерлин во Будва. Ноќевање.

02.јануари (понеделник)  TИВАТ – МАНАСТИР ОСТРОГ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на манастирот Острог кој е едно од најпосетуваните светилишта во Црна Гора и на Балканот, кој датира од XVII век основан од Василиј Острошки. Попладне, заминување за Македонија преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот во претпродажба до 10.11.2022 – 119 € (7.380,00 мкд)
Редовна цена на аранжманот – 125 € (7.750,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автбус на наведената релација
– Сместување во хотел Palma  ****, 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи на Тиват и Котор со локален водич
– Организирана посета на манастирот Острог
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативен целодневен излет до Дубровник  20 €
– Факултативен Дочек на Новата Година со Здраво Чолиќ во Котор 5 €
– Факултативна посета на музичкиот настап на Дино Мерлин во Будва 5 €
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Патничко здраствено осигурување
– Туристичка такса и осигурување 1,5€ по лице на ден (се наплатува на рецепција во хотел)