Крстарење по Егејот
СОЛУН – КУШАДАСИ – КРИТ – САНТОРИНИ –МИКОНОС – МИЛОС – АТИНА – СОЛУН
8 дена – 7 ноќи, ПОЛН ПАНСИОН
Цена……599€ (37 140 ден) за резервации до 31.12.2022
– Поаѓање 16 и 23 Април од Солун
Откријте ја богатата историја, фасцинантната култура и превкусната храна на грчките острови. Ве покануваме да ги доживеете пејзажите, да ги вкусите традиционалните јадења и да ги истражите шармантните села со нашето седумдневно крстарење. Посетете ја Миноската палата во Кносос и интригантниот град Ефес, еден од најдобро зачуваните археолошки пронаоѓалишта на источниот Медитеран.
Нашето крстарење ќе Ве одведе на романтична и опуштена одисеја до сончевите брегови, рибарските селаи значајните историски места. Со преноќување (на брод), закотвени покрај прекрасните острови Санторини и Миконос, ќе може да ги истражите скришните места и да се впуштите во едно автентично искуство.
1денСолун (испловување во 19:00 часот)
Започнете ја незаборавната авантура на Егејот од античкиот град на светлината – Солун. Уживајте во уникатниот амбиент на солунските тврдини, византиските бањи, римската агора, Ротондата и Арката на Галилеј.Тргнете во авантура која започнува со вкусните солунски колачи. Испловувањето е во 19:00 часот, па затоа е потребно да се пријавите на бродот два часа претходно.Вечера.Ноќевање и ноќно крстарење кон Кушадаси. 2 денКушадаси (испловување во 19:00 часот) Појадок.Пристигнување во Кушадаси во 13:00.Ручек. Може да уживате во прекрасните песочни плажи на Кушадаси Слободното време искористете го за прошетка по убавото крајбрежје, прошетка и шопинг во големата чаршија, како и дегустација на некои од локалните специјалитети. Враќање на бродот во 18:00 часот и вечера на брод.Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Крит. 3 ден Крит (поаѓање во 19:00 часот) Пристигнување во Крит – Ираклион во 08:00.Појадок. Во Ираклион ќе имате можност да ги видите импозантните ѕидини од 16. век на тврдината Кулес.Овде може да уживате во прекрасниот брег, да ги посетите малите критски села или палатата на Кносос. Посетете го музејот и научете за првата европска цивилизација и интересните приказни за минотаурот.Ручек.Поаѓање од Крит во 19:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Санторини. 4 – 5 ден Санторини (испловување во 00:30 часот) |
Пристигнување во Санторини во 07:00. Појадок.Следува разглед на прекрасниот вулкански остров Санторини, место кое нуди совршена глетка кон бројните традиционални бели куќи и цркви со небесно сини куполи.Во Санторини може да го искусите медитеранскиот начин на живот опуштајќи се во мирот и тишината на прекрасната островска оаза. Ручек и вечера .Бродот испловува во 00:30 часот.Ноќевање и ноќно крстарење до Миконос.
5 – 6 Миконос(испловување во 02:00 часот)
Пристигнување во Миконос во 08:00.Појадок. Островот Миконос мами со својата убавина, божествени слики, космополитски дух и врвен ноќен живот. Познат како „Oстров на ветровите”, препознатлив по своите бројни ветерници од 16. век.Живописниот остров Миконос е примамлив со своите песочни плажи и кристално чистата вода. Може да уживате во бројните музеи, кино под отворено небо, кафулиња и барови или во клубовите со целодневни забави.Ручек и вечера. Зошто да не го истражите и светиот остров Делос со брод? Поаѓање во 02:00 часот по полноќ. Ноќевање и крстарење до Милос. 6 ден Милос (испловување во 19:00 часот) Пристигнување во Милос во 09:00 часот. Појадок.Вулканскиот пејзаж на островот Милос го прави најегзотичен остров на Егејското Море поради неговите извонредни бои и пејзажи, бели карпести формации, зелени води, и голем број пештери со приказни за пиратите. Овде ќе уживате во најубавите плажи, кои вулканските карпи ги обоиле во црвена, розова и портокалова боја.Ручек и вечера. Ноќевање и крстарење до Атина. 7 ден Атина Пристигнување во Атина во 07:00 часот.Појадок. Ова е претпоследна станица од нашата поморска авантура. Атина е еден од најфасцинантните градови во светот, град на историјата, испреплетен и создаден од митови и легенди во срцето на античка Грција.Град препознатлив по Акрополис и Партенон.Овде може да посетите некои од локалните театри, историски локалитети или пак да се опуштите на прекрасната градска плажа.Ручек и вечера. Ноќевање и крстарење до Солун. 8 ден Солун Пристигнување во утринските часови во преубавиот Солун каде завршува ова преубаво крстарење. Испланирајте си го денот за прошетка низ Солун и средување на впечатоците во некоја локална таверна. |
Во цената се вклучени следниве услуги:
- 7 ноќевања во кабина на крузер
- Пристанишни такси и бакшиш
- Забава на брод
- Полнпансион со вклучени пијалоци.
Во цената не е вклучено:
- Превоз до пристаништето во Солун
- Индивидуални трошоци
- Патничко осигурување
- Факултативни излети
- Важна напомена:
- Чекирањето на бродот е од 13:00 – 17:00 по локално време
- За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
- Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место