Edipsos
1.Ден17.03.2023 (Петок) СКОПЈЕ – ЕДИПСОС
Состанок на групата на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем во 01:30 часот, поаѓање за Евија во 02:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородицасо кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на брод траект (возење 30мин) и пристигнување на вториот по големина остров во Грција, Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција, Лутра Едипсос. Сместување во хотелот Лито лоциран во центарот на Едипсос.Краток пешачки разглед и запознавање со местото: пристаништето, променадата, хотелот Термо Сила сè до термалните извори кои се вливаат во Егејското Море. Слободно време за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација. Можност за користење на термалните извори. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 18.03.2023 (Сабота) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС
Појадок.Ден предвиден за факултативна посета на местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Рускин. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето.Вечерта, организирана осмомартовска вечера со забава. Ноќевање.
3.Ден 19.03.2023(Недела)ЕДИПСОС – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активностии прошетки. Во договорено време поаѓање кон Агиос Кампос, качување на траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА до пополнување на местата – 119€/7.378ден
Редовна цена – 139€/8.618ден
Цена по лице за миним 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во Хотел Лито 3* лоциран во центарот на Лутрана база 2 ноќевања;
– Исхрана на база наполупансион (појадок и вечера);
-Бродски превоз на релација Глифа – Агиос Кампос– Глифа;
– Осмомартовска забава
– Организација и реализација со туристички придружник;
– Туристичка такса.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување (информации во агенција);
– Факултативна посета на Прокопи 10€;
Попусти и опционални доплати:
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620мкд (мин. 2 седишта);
– Доплата за еднокреветна 30€/1.860мкд од цената на аранжманот;
– Трето возрасно лице на дополнително легло – 10% од цената на аранжманот;
– Дете 2-10год. во придружба на 2 возрасни плаќа 45€/2.790мкд;
– Дете 11-14год. во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд;
– Доплата за дополнително седиште во автобус 65€/4.030мкд.