8mi Mart vo Porto i Lisabon
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1 ден: 08.03. СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ПОРТО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:45 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во
12:15 часот. Полетување во 13:20 и пристигнување во Порто во 15:15 часот. Трансфер до хотелот и сместување.
Слободно време за индивидуални активности, предлагаме прошетка до улицата Света Катерина и уживање со
добро кафе во кафе барот Мажестик. Прошетка по речниот брег, со можност за дегустација на локалните вина од
категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и
винарските визби, во некоја од локалните винарии/кафичи покрај реката Дуоро. Ноќевање.
2 ден: 09.03. ПОРТО
Појадок. Организирана прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е
поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата,
Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби… разгледот продолжува кон квартот Вила Нова де Гаја,
со слободно време за индивидуални прошетки. Порто е нераскинливо позврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа
впечатливиот мост Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Слободно време за индивидуални активности.
Препорачуваме посета на некоја од локалните винарии. Попладне препорачуваме поглед на зајдисонце од
кафетериите сместени долж реката Дуоро. Враќање во хотел, индивидуално. Ноќевање.
3 ден 10.03. ПОРТО – ЛИСАБОН
Појадок. Организиран трансфер до Лисабон. Панорамски разглед на португалскиот главен град кој ужива особено
сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: Плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата на
Слободата, покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квавртот Алфама. Посета на кулата Белем
каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до симболот на Лисабон –
Манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на УНЕСКО. Сместување во хотелот. Слободно време за
индивидуални активности. Предлагаме вечерна прошетка во центарот на градот, по елегантната Авенија на
Слободата до плоштадите Росио и Рестаурадорес. Можност за посета на кафичот на Кристиано Роналдо.
Ноќевање.
4 ден 11.03. ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ
Појадок. Организирана прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа
светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и
прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови.
Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон најдолгиот мост во Европа „Васко де Гама“, со
должина од 17 километри. Попладнето препорачуваме прошетка по уличките со калдрма низ квартот Алфама со
можност за возење со стариот трамвај, посета на Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска
глетка на централниот дел на Лисабон. Враќање во хотел, индивидуално со јавен превоз. Ноќевање.
5 ден 12.03. ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна
резиденција на португалските кралски семејства. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална
Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато
летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени,
луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на
специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.
6 ден 13.03 ЛИСАБОН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Лисабон. Полетување за Истанбул во 11:30 часот.
Пристигнување во Истанбул во 19:10 и полетување за Скопје во 20:25. Слетување во Скопје во 19:55 часот.
Во цената е вклучено :
Авионски превоз со Туркиш ерлајнс на релацијата Скопје – Истанбул – Порто и Лисабон – Истанбул – Скопје
Аеродромски такси
Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
Трансфер од аеродромот до хотелот во Порто (08.03)
Прошетка низ Порто (09.03) според програмата
Трансфер од хотелот во Порто до хотелот во Лисабон (10.03)
Разглед на Лисабон (10.03) според програмата
Прошетка до Паркот на Нациите (11.03)
Трансфер од хотелот до аеродромот во Лисабон (13.03)
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Порто
3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лисабон
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено :
Туристичка такса околу 10 евра (се плаќа во хотелите на рецепција)
Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) со вклучена влезница за Палата
Синтра – 85 евра (задолжително пријавување во агенција, при резервација)
Карти за локален превоз (метро)
Задолжително патничко – здравствено осигурување со покритие од Covid