vila Lemonis, Polihrono

Вила “Lemonis”, се наоѓа во централниот дел на Пoлихроно, на улицата кај Црквата, и на 150m од плажа. На 50м од вилата на истата улица која води кон плажа има супермаркет како и познатиот млечен ресторант “Lemonis Bakery“, ресторани за брза храна.. Одлична вила  и локација во центар. Под вилата до влезот има салон за убавина Nails Land. Вилата располага со апартмани со една спала соба за 4 лица на: приземје / први и втори кат. Сите апартмани се исти и опремени со: просторна дневна соба со кујна (комплетно опремена+голем фрижидер), трепезарска маса,  TV, кревет на спуштање каде може да спијат две лица и спална соба со брачен кревет за уште две лица, гардеробер, купатило, клима и  интернет – БЕСПЛАТНИ. Сите апартмани имаат голема тераса каде што се излегува од спалната и дневната соба. Тарасата на II-ри кат има поглед на море. Вилата нема сопствен паркинг, гостите со сопствени возила може да паркираат на улицата пред вилата доколку има слободни места за паркирање.

10% попуст за целосна уплата до 01.03.23  |  7% попуст за целосна уплата до 01.04.23

    • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
    • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
    • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
    • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
    • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
    • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
    • –  Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
    • –  Wi-Fi интернет и клима- БЕСПЛАТНО!!
    • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

    ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

    • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
    • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
    • –  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
    • –  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);