vila Gregory, Hanioti

Villa Gregory се состои од две згради лоцирани во близина на еден од влезовите во Ханиоти и супермаркетот “Masutis”. Во својот состав брои повеќе квалитетно опремени студија и апартмани за сместување со различен капацитет и квадратура. Во зависност од типот на единиците, тие се распоредени на три нивоа (приземје, прв и втор кат). Сопствениот двор, близината на потребните содржини за снабдување и забава, кратката оддалеченост од градската плажа (околу 400м) како и од центарот на Ханиоти, овој објект со години го издвојуваат како мошне популарен за многубројните туристи од регионот. За оваа летна сезона, во нашата понуда ги вброивме еднособните апартмани лоцирани на првиот кат од објектите. Во својот состав тие располагаат со спална соба и двоен лежај, како и дневна соба во која освен мини кујна се наоѓа и кауч на отварање со можност за сместување на трето и четврто лице. Според нашето мислење апартманите се најсоодветни при сместување на семејства со едно или две помали деца. Во непосредна близина на објектот се наоѓа и поголем отворен паркинг за автомобили.

  • Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
    Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
    * Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.


    ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
    – Доплата за туристичка такса 1.5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

    – Употребата на клима уред  е бесплатна.

    ** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
    – Задолжително е патничко осигурување.

     -Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
     -Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
     – Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот.
    -За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
    – Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
    АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
     Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)