vila Penny, Hanioti
Villa Penny освен со своите сместувачки капацитети, располага и со прекрасен зелен двор, базен со пул-бар, детско мини игралиште, скара и сопствен паркинг простор. Таа се наоѓа во новиот дел на Ханиоти во правец на патот кон Пефкохори, на оддалеченост од околу 300м од плажата и 500м од центарот на местото. За оваа летна сезона, во понуда ги издвојуваме студијата на кат со капацитет до три лица, кои во својот состав бројат двоен лежај од два стандардни кревети и дополнителен кревет за трето лице. Сите студија се опремени со кујна, тоалет со туш и сопствена тераса. Вилата располага и со рецепција и присуство на одговорно лице. Користењето на базенот и лежалките со чадори за сонце е бесплатно со можност за нарачка на пијалоци од летниот бар покрај него (не е дозволено носење на пијалоци од надвор). Сите студија имаат поглед кон градината, како и клима, ТВ уред и Wi-Fi интернет.
- Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
* Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Доплата за туристичка такса 1.5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)– Употребата на клима уред е бесплатна.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување.-Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.-Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.– Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот.-За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.– Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)