vila Faros, Edipsos
Villa Faros во својот состав располага со повеќе типови на студија и апартмани за одмор. Сместен на растојание од околу шесетина метри од шеталиштето и центарот на градот, а од познатата плажа со термални извори не повеќе од осумстотни метри, овој објект претставува одличен избор за сместување во Едипсос. Покрај лифт, рецепција и мало лоби, објектот во својот состав вбројува и студија и апартмани од кои дел се наоѓаат на високото приземје, а другите на првиот и вториот кат од неговата зграда. Во зависност од ориентацијата, од балконите се пружаат погледи кон улицата, дворот или морето. Сите студија и апартмани се опремени со соодветен мебел, мини кујна, ТВ и клима уред, како и WI-FI интернет за потребите на нивните гости.
- Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќевања.
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
-Употребата на клима уред е бесплатна.
– Доплата за туристичка такса (се плаќа во објектот)
-Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
-Aгенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот.
– Задолжително е патничко осигурување
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 65 EUR (45 EUR за дете 02 до 12 год.)