vila Tanja, Nea Potidea
Куќа „Тања“ е лоцирана централно во Неа Потидеа, во третиот ред куќи, на само 70 метри од плажа. Околу неа има слободни места за паркинг. Има голем убаво уреден двор со зеленило и со скара. Секој од апартманите е со по една спална соба во која има брачен – француски кревет и во втората соба каде што е комплетно опремената кујна има уште две одвоени легла. Опремена е со стандарден, но квалитетен мебел. Имаат големи убави тераси со поглед од двете страни. Сите имаат ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената.
Координати: 40.192250, 23.333613
- Цените во табелите 1 и 3 или вонсезонски се објавени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз. Доколку се патува со сопствен превоз се одбиваат по 10 евра од првите 2 лица или 20 евра од вкупната – финална цена на аранжманот
- Цените во табелата 2 или сезонски се објавени за наем на апартман за 2,3 или 4 лица, во истите може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 2, 3 или 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста
- Цената за автобуски превоз изнесува:
- 3.100 денари (50 евра) за возрани
- 2.480 денари (40 евра) за деца до 11,99 години
- Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
- Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректноста на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.