vila Palais, Furka

Куќа „Палаис де Фурка“ е лоцирана во мирниот дел на Фурка, близу црквата. Оддалечена е од море околу 50 метри или 4-5 минути од центарот. Има прекрасно уреден голем двор со многу зеленило и содржини за деца, сопствен приватен паркинг. Располага со четирикреветни апартмани на приземје, сите опремени со ЛЦД ТВ, клима (вклучена во цената), тоалет, комплетно опремена кујна и големи тераси со поглед кон дворот. Во собите нема пешкири како дел од опремата.

Координати: 40.00329982819501, 23.38318519109924

Цени по лице со вклучен превоз

 

Цени за наем на Апартман за 7 ноки

Цени по лице со вклучен превоз
  • Цените се изразени во евра (1еур=62ден.)Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.

    Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања.

    За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.

    Преземањето на собите е од  15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време.

    Агенцијата не е одговорна за квалитетот на и нтернетот во објектот.

    Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла

    Туристичката такса која од лето 2025 година изнесува 2 еврa на ден се плаќа на самото место.

    Превоз:

    За возрасни 3,100 денари (50 евра)

    За деца до 11,99 години 2.480 денари (40 евра)