vila Hristos, Polihrono
Вила ХРИСТОС се наоѓа на 250 метри од плажа во мирно опкружување. Вилата располага со трикреветни апартмани и четирикреветни дуплекс апартмани, сите со балкон, опремена кујна, бања, ТВ, Wi-Fi, климата(се доплаќа)
Опис на апартманите:
Апартман бр.1 и бр.4 – дуплекс апартман со 3 соби, две спални соби со по два единечни кревети и дневен престој со единечен кревет, кујна, трпезарија и 2 балкони, бр.1 на 1кат и бр.4 на 2 кат.
Апартман бр.2, бр.5 – апартман со две соби, кујна и спална со брачен и единечен креве на 1кат.
Апартман бр.3 и бр.6 – апартман со две соби, кујна и спална со 3 единечни кревети на 1 кат.
Апартман бр.7 и бр.9 – апартман со две соби, кујна и спална со брачен и единечен кревет на 2кат.
Апартман бр.8 – апартман со две соби, кујна и спална со 3 единечни кревети на 2кат.
20% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 22.01.2025 до 28.02.2025 (минимум уплата од 50% и доплата до 28.03.2025)
-ЦЕНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО * СЕ ПАКЕТ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ СО ГРАТИС ПРЕВОЗ, ПОПУСТИ СЕ ПРЕСМЕТАНИ
-ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦАВО 1/3 АПАРТМАН, ТРИ ЛИЦА ВО 1/4 ДУПЛЕКС И ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА
ЦЕНИТЕ без * во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања, и се изразени во евра (1еур=62ден.).
Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 50EUR (40 EUR за дете 02 до 12 год.)