vila Olympia, Nei Pori
Villa Olympia е лоцирана на околу 250м од големата песочна плажа, во третата линија на објекти и непосредна близина на кружниот тек во стариот дел на Неи Пори. Како објект, таа се карактеризира со убаво организиран двор, како и со повеќе различни единици и капацитети за сместување. Студијата и апартманите се наменети за сместување на 2 до 4 лица на гости и истите се распоредени на вториот и третиот кат од објектот. Секое студио и апартман има соодветна опрема на мебел и мини кујна, бања со тоалет, тераса, ТВ и клима уред (со доплата), како и WiFi интернет. Паркингот за патнички возила, е можен во близина на објектот.
* Објектот е “pet friendly” и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.
- Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)– Употребата на клима уредoт се доплака 7еур на ден.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување.-Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.-Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.– Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот.– Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.Секоја промена на резервација се наплатува 15€ .АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)





