Apart hotel Decaville, Gerakini

Апарт-Хотел Декавил 3* се наоѓа на влезот во Геракини, на оддалеченост околу 30 метри од песочната плажа.

Типови и распоред на студија и апартмани:

  • двокреветни студија
  • двокреветни студија 1/2+1 со кревет на извлекување (погодно за возрасен или дете) со капацитет максимум на 3 лица (можност за сместување плус на бебе или дете до 3,99год)
  • едно четворокреветно студио (на приземје) со еден двоен кревет и креветчиња на спрат
  • еден едноспален апартман со поглед на море на прв спрат составен од кујна, тоалет и 2 простории, една просторија со креветчиња на спрат, и спална соба со двоен кревет, од оваа спална соба се излага на балкон со директен поглед на море,(оваа соба Д1 располага со два клима уреди, и доколку се користат се наплаќаат двата).

Секое студио / апартман има:

  • Сопствен тоалет
  • Балкон
  • Кујна со основен прибор за готвење и јадење
  • Фрижидер
  • Клима уред (7.5€ доплата на лице место)
  • 2 лежалки и 1 чадор на плажа

Важно да знаете:

  • Понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
  • Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
  • Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
  • Туристичка такса: 5€ по соба/ден – се плаќа во објектот (категоризација 3*).

Промо термини

  • Првите два и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2026

-7%   ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.05.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.06.2026

(напомена: првите два и последните два термина се промо цени и не подложат на попуст. истите се резервираат со 50% аконтација) 

Цените се  за наем на студио за 7 ноќевања,  во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари.

  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети).

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Сабота)

  • -Скопје (Дрводекор) – 55еур по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес –70еур по лице
  • -Велес (БП Макпетрол-кружен тек) – 55еур по лице
  • -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –55еур по лице