vila Tula, Nei Pori

Вила ТУЛА се наоѓоa во новиот дел во Неи Пори, на околу 200 метри од плчажа. Располага со 7 соби од кои студија 1/2, студија 1/3, студија 1/4 и дуплекс 1/3+1/2. Сите студија и апартмани се опремени со кујна, тоалет, ТВ и wi-fi. Користење на клима уредот е со доплата 5 евра на ден за студио и 8 евра на ден за дуплекс. Туристичката такса се плаќа во вилата – 2 евра од ноќ за студио.

1/2 СТУДИО БР.1 – Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од десната страна при влез на вилата. Во влезот на студиото се наоѓа помала кујна со решо и мал фрижидер, има сопствено мало WC, од кујната се влегува во собата каде има два поединечни кревети и има врата за на терасата.

1/4 СТУДИО БР.2 – Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од левата страна при влез во самата вила. Кујната е одделена од собата со врата и е опремена со решо и мал фрижидер. Студиото располага со два дупли кревети. Од собата се излегува на терасата. Има сопствено WC.

1/4 СТУДИО БР.3 – Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од левата страна при влез во самата вила. Кујната е одделена од собата со врата и е опремена со решо и мал фрижидер. Студиото располага со еден дупли и два единечни кревети. Од собата се излегува на терасата. Има сопствено WC.

1/2 СТУДИО БР 4 – Се наоѓа на приземје, има дел од дворот кој се користи како тераса Во влезот на студиото се наоѓаа помала кујна со решо и мал фрижидер, има сопствено мало WC, од кујната се влегува во собата каде има два поединечни кревети и има врата за на терасата која гледа во соседната куќа (ѕид).

1/3 СТУДИО БР.5 – Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопствена тераса и WC. Студиото располага со 3 единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер.

1/4 СТУДИО БР.6– Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопатвена тераса и WC Студиото располага со еден дупли и два единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер.

1/5 ДУПЛЕКС БР.7 – Се наоѓа на првиот кат од вилата има долга тераса на која се излегува од двете спални и од кујната. Кујната се наоѓа во ходникот на дуплексот помеѓу двете спални соби и е оремена со решо и голем фрижидер . Дуплексот има сопствено WC. Во едната спална има 1 дупли и 1 единечен кревет, а во другата спална соба има 2 единечни кревети и ТВ. Во дуплексот има 2 клими по една во секоја спална соба .

1/4 СТУДИО БР.8 – Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопствена тераса која гледа во соседната куќа (ѕид), WC. Располага со 3 единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер.

Цените во табелата се дадени за наем на Студио за 7 нокевања, и се изразени во евра (1еур=62)

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг),одобруваме 7% попуст на вториот термин попустите не се комбинираат.
  • Доплата на туристичка такса  2еур на студио од ноќ (се плаќа во објектот )
  • WI-FI интернет -БЕСПЛАТНО (за јачина на сигнал не гарантираме)
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.

ПРЕВОЗ:

  • За возрасни 3100 мкд. (50евра)
  • За деца до 12 години 2,170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште