vila Armonia, Agios Nikitas
Вила Армониа – Б кат се наоѓа на околу 2 км од познатата плажа Катизма и 1км од Агиос Никитас. Нуди приватен паркинг, интернет и мала рецепција. Има одлична локација за обиколка на плажите на западниот брег.
Вила Армонија располага со 1/2 студија од 20м2 со брачен кревет плус дополнителен кревет (софа) со душек со стандардни димензии и 1/2 студиа со дополнителен кревет (софа) на отворање (клик-клак) и можност за сместување на двајца возрасни и две деца.
Сите сместувачки единици во вилата имаат клима, ТВ, кујна (две рингли и мал фрижидер со комора), бања со фен и тераса. Безжичен интернет е достапен во сите соби. Вилата располага со мала рецепција која е достапна за гостите во текот на денот за секаква помош и информација, како и паркинг за сите гости. До вилата ќе стигнете со возење на 10 км од Лефкас, поминувајќи го Агиос Никитас и по 1 км ќе ја најдете вилата Армонија од десната страна. Вила Армонија е идеална за сите патници кои сакаат сместување во близина на плажата Катисма, блиску до населени места како што сликовитото селце Агиос Никитас кое располага со прекрасна плажа од каде поаѓаат такси бтотчињата до плажата Милос, многу ресторани, продавници.
GPS: 38.77542176377617, 20.604674482583093
https://maps.app.goo.gl/dRbygM1vFx2uEud4A
Цените се дадени за наем на Студио за 7 ноки, и се изразени во евра (1еур=62ден.)
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети), освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст.
Туристичката такса се плаќа на лице место.
Aгенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Агиос Никитас:
- -Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
- -Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице
- -Велес (бензинска пумпа, Макпетрол на кружен тек) -70€ по лице
- Деца 2-12г. имат попуст 10еур
Aгенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот.