vila Orosimo, Pefkohori

Локација: Vila Orosimo се наоѓа во центарот на Пефкохори, кај кружниот тек, на 100 метри од плажа. Објектот има идеална локација: под вилата има голем супермаркет, а во непосредна близина има пекари, пицерии, таверни, намирници, кафе барови, автобуска и такси станица.

Содржина на вилата: Нудиме 15 сместувачки единици, двокреветни и трокреветни студија, кои имаат поглед на улица или двор. Двојното студио со ознака ПП е опремено со брачен кревет или стандардни кревети и има поглед кон задниот дел, кон ѕидот на соседната вила, додека трокреветните студија имаат три стандардни кревети и имаат поглед на улица или двор. Вилата ја препорачуваме на млади луѓе, како и на семејства и парови кои сакаат се да им биде на дофат и лесно достапно, за оние кои сакаат да го почувствуваат духот на Пефкохори во секоја смисла.

Погодности на собите: Сите сместувачки единици се состојат од мини кујна (мини електричен шпорет, фрижидер, кујнски прибор) за приготвување лесни оброци, бања, клима вклучена во цената, WiFi (слаб проток), ТВ, крпи, тераси каде има комплети за седење и се заштитени со тенди. Постелнината и крпите се менуваат на 5 дена, додека чистењето е на денот на смената.

Цените се дадени во евра (1еур=62ден.) за наем на Студио за 10нокевања.

Цените со свездичка се цени по лице со вклучен превоз.

Само превоз….50еур за возрасни / 40еур за деца до 10г.

Доплата за тур. такса