vila Paris,Nea Vrasna

Локација: Vila Paris се наоѓа во Неа Врасна, на само 70 м од плажа и околу 500 м од Аспровалта.

Содржина на вилата: Вилата располага со единаесет двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија кои се наоѓаат на првиот и вториот кат. Опкружена е со прекрасно уреден двор со дрвени гарнитури за седење и скара, туш кабина и остава за багаж на последниот ден од вашиот престој.

Опис на собите: Двокреветното студио се состои од еден брачен кревет, трокреветното студио се состои од еден брачен кревет и еден единечен кревет. Студијата со четири кревети се пространи, имаат еден брачен и два единечни кревети. Едно од четворокреветните студија се наоѓа на аголот, има голема аголна тераса и во ценовникот е одвоен со цена. Секое студио располага со опремена мини кујна (фрижидер, мини електричен шпорет и прибор) за приготвување лесни оброци, бања со туш кабина, пространи тераси со тенди, WiFi (слаб проток), ТВ и клима, чие користење се доплаќа на лице место 5 евра на ден. Вилата нема крпи. Чистењето на сместувачките единици е на денот на смената.

За резервации и целосни уплати до 28.02.2023 одобруваме 10% попуст

Цените се дадени во евра (1еур=62ден.) за наем на Студио за 10нокевања.

Цените со звездичка се цени по лице со вклучен превоз.

Само превоз….50еур за возрасни / 40еур за деца до 10г.

Доплата за тур. такса