vila Sunrise, Asprovalta
Локација: Villa Sunrise се наоѓа на главната улица во Аспровалта. Се наоѓа на 80 метри од плажа, и е нова во нашата понуда!
Содржина на вилата: Нудиме четворокреветни апартмани, трокреветни и шесткреветни дуплекси. Реновирани се само четворокреветни апартмани. Сите сместувачки единици се наоѓаат на првиот кат и гледаат кон улица или море. Пријателските сопственици, добрата позиција на вилата, близинара до ресторани и продавници и прекрасната песочна плажа ќе го направат вашиот престој во Аспровалта незаборавен.
Соби: Апартманите и дуплексите се опремени со мини кујна (фрижидер, мини електричен шпорет, основен прибор) за приготвување лесни оброци, бања, LCD телевизор, клима за чие користење на лице место се доплаќа 3€ на ден, WiFi (слаб проток) и тераса која е тесна, но долга. Во апартманите сите кревети се сместени во просторот за спиење во една соба, така што само кујната е физички посебна просторија но без врата. Шесткреветниот дуплекс се состои од две спални соби. Секоја дуплекс соба има клима и ТВ. Постелнината и крпите се менуваат на секои 5 дена од престојот, додека чистењето е на денот на смената.
За резервации и целосни уплати до 28.02.2023 одобруваме 10% попуст
Цените се дадени во евра (1еур=62ден.) за наем на Студио за 10нокевања.
Цените со свездичка се цени по лице со вклучен превоз.За со сопствен превоз се одбива 20еур по лице.
Само превоз….50еур за возрасни / 40еур за деца до 10г.
Доплата за тур. такса