vila Ana, Nei Pori
Локација: Вила Ана се наоѓа во мирен дел на Неи Пори, на 200 метри од плажа и 500 метри од црквата.
Содржина на вилата: Нудиме шест сместувачки единици, трокреветни студија, четворокреветни апартмани и дуплекси, сместени на приземје и вториот кат. Гостите имаат можност да ги паркираат своите автомобили пред имотот.
Опис на собите: Трокреветните студија се состојат од една соба со грчко-француски брачен кревет и еден стандарден кревет и се наоѓаат на вториот кат од вилата. Апартманите со четири кревети се наоѓаат на приземје и на вториот кат, имаат посебна спална соба со грчко-француски кревет и еден единечен кревет во спалната соба и кујна со друг кревет. Четирикреветниот дуплекс се наоѓа на вториот кат од вилата, се состои од две спални соби (едната соба има грчко-француски кревет, другата соба има два стандардни кревети), посебна кујна и има пространа аголна тераса. Сите тераси се заштитени со тенди. Сите сместувачки единици се опремени со мини кујна (фрижидер, шпорет, прибор) која е наменета за приготвување на лесни оброци, тераса, ТВ, WiFi (слаб проток), бања и клима уред чие користење се доплаќа 5 € на ден. Чистењето е на денот на смената, додека постелнината и крпите се менуваат секој петти ден од престојот.
Цените се дадени во евра (1еур=62ден.) за наем на Студио за 10нокевања.
Цените со свездичка се цени по лице со вклучен превоз.За со сопствен превоз се одбива 20еур по лице.
Само превоз….50еур за возрасни / 40еур за деца до 10г.
Доплата за тур. такса