vila Ujvara, Ksamil

Вила Ујвара се наоѓа на 200 метри од прекрасната плажа Bora Bora и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студиа на спрат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима (вклучена во цената), WI-FI. Вилата поседува и базен кој што можите да го користите и бесплатен паркинг.

10% попуст за резервација до 31.03.2025 и целосна уплата до 30.04.2025
05% попуст за резервација до 30.04.2025 и целосна уплата до 31.05.2025

GPS координати: 39.77088840504681, 20.00200401174155

Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања, изразени се во евра (1еур=62ден.).

Напомени:

  • Патниците имаат можност за доплата за појадок (шведска маса) по цена од 8 евра на ден по лице.
  • Патниците имаат можност за доплата за лежалки на плажата Blue Diamond Beach која што е во сопственост на вила Ујвара по цена од 8 евра за две лежалки и чадор на ден.
  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
  • Климата е вклучена во цената;
  • Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
  • За хигиената на собите се грижат гостите;
  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:

  • Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) –  85€ по лице
  • Велес (бензинска пумпа, Макпетрол кружен тек) – 70€ по лице
    • Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

ПОПУСТИ:

  • За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!