vila Afrodite 2, Skala Potamia, Tasos

Afrodite Studios II е новоизградена вила која се наоѓа на само неколку минути од плажата.
Вилата е модерно дизајнирана, опремена со нов мебел и имаат се што ви треба за пријатниот одмор. Ова сместување се наоѓа во Скала Потамија, оддалечено околу 270 метри од плажа и 1 км од центарот. Најблискиот пазар е оддалечен околу 400 метри.  Сите соби имаат ТВ, клима уред (користење е со доплата), опремена кујна, купатило и балкон. На гостите им е достапен и интернет пристап. Чистењето се врши секој ден освен сабота, додека замена на постелнина и крпи е еднаш во текот на престојот (при влез во собите).  Сите соби имаат брачен лежај, а во некои од собите каде има трето легло истото е со помали димензии од стандардните.
Сместувањето нема приватен паркинг, но веднаш до зградата и на блиските улици можете да најдете доволно простор каде што можете да го оставите вашето возило.
Доколку барате ново сместување, сместено блиску до плажа и во мирна област, тогаш Afrodite II може да биде одличен избор за вас.
ЛОКАЦИЈА НА ВИЛАТА:  https://maps.app.goo.gl/9zYBSFaHm4gKYFvk7?g_st=av

Сите цени се изразена во евра(1еур=62ден) за наем на Студио за 7 нокевања.

За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попуст на терминот со пониска цена
Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, напуштањето последниот ден е до 10 часот наутро
Aгенцијата не одговара за квалитет на интернетот во вилата.

Цената не вклучува:                                                                                                         

* туристичка такса од 2€ по соба на ноќ, истата се плаќа директно во објектот

*Превоз

* Доплата за корситење на клима уред(7еур од ден) се плаќа на лице место

Доплата за превоз (за возрасни) Македонија- Тасос -Македонија :                                                                                                   

    • Скопје 65€
    • Велес 65 €
    • Неготино 65€
    • Граничен премин 65€
    • Штип 85€
    • Струмица 70€
    • Битола 90€
    • Прилеп 90€

    Важно: Деца од 2 до 11,99 години: попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно.

    Важно: Задолжителна доплата за траект – 20 евра за возрасен / 15 евра за дете 2-12 години.

Потребен е минимум од 20 лица за реализација на автобускиот превоз (во случај на помал број на пријавени лица превозот ќе биде со минибус и  зголемување на цената за 10 евра)