vila Evis, Parga
Вилата е сместена на 600 метри од плажата Валтос во зеленило од медитерански растенија, и 1800 метри од централнот дел на Парга. Во непосредна близина има маркет за секојдневни потреби. Одговара за семејство со едно дете. Поседува двокреветни и трокреветни студија. Секое студио е опремено со кујнски дел, тераса, ТВ, купатило и клима која се доплаќа. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената.
Цените се дадени во евра, за наем на Студио, а плаќањето е во денарска противвредност на еврото од 62 денари
– Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
– Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
– Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.