vila Olimpion, Kala Nera
Оваа преубава вила се наоѓа во мирна улица во самиот центар на Кала Нера. Локацијата и е 100 метри од море во самиот центар на Кала Нера. Студио 02 се сместени на приземје и на први спрат и поседуваат француски кревет или два стандардни кревети, кујна (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), купатило со туш-када, сеф, ТВ, клима ( вклучена во цена ) и тераса со гарнитура за седење. Студио 03, сместени се на приземје и на први спрат и поседуваат француски кревет или два одвоени кревети како и трет стандарден кревет, кујна (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), купатило со туш-када, ТВ, клима (вклучена во цена) и тераса со гарнитура за седење. Студио 04, сместени се на приземје и поседуваат четири стандардни кревети, кујна(фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), купатило со туш-када, ТВ, клима(вклучена во цена) и тераса со гарнитура за седење.
Цените се дадени во евра, по лице, за 10 нокевања, а плаќањето е во денарска противвредност 1еур= 62 денари
– Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
– Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
-Доплата за тур.такса на лице место.
-Дете до 6г. може во заеднички кревет со двајца родители
– Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.