Велигден на КРФ-автобус
13.април СКОПЈЕ – КРФ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “ Holiday Inn” во 21:30 часот. Поаѓање за Грција во 22:00 часот. Ноќно возење со попатни одмори.
14.април КРФ
Пристигнување на пристаништето Игуменица во претпладневните часови. Превоз со траект до островот Крф. Пристигнување и сместување во хотел или апартман (според избор). Денот е Велики петок – ден на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители, дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар ја свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Собирот започнува на пладне. Првата поворка го почнува своето движење од црквата Пресвета Богородица во 14:00 часот попладне, за потоа и од другите цркви една по една, се’ до крајот во 22:00 часот од Соборната црква. Враќање во хотел. Ноќевање.
15.април КРФ
Појадок. Состанок на групата и заминување кон главниот град Крф, каде што ќе се следи свеченоста. Точно во 09:00 часот, започнува првата поворка наречена Првото Воскресение. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островото. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, од прозорците на куќите почнуваат да летаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Враќање во хотел. Враќање во хотел. Вечерта посета на Керкира , каде ке можете да присуствувате на вечерната Литургија, да запалите од вечниот оган и да уживате во спектакуларна прослава и огномет. Ноќевање.
16.aприл КРФ
Појадок. Разглед на островот:Организирана посета на дворецот – музеј Ахилион (некогашна резиденција на Австриската кралица Елизабета),попатна посета на местото Канони од каде имате незаборавна панорама, една од Bella Vista точките на островот… Потоа панорамски разглед на градот: стариот град, тврдината, плоштадот со шеталиштето… Разгледот продолжува со посета на Палеокастрица (една од најстарите населби на островот). Можност за попатна посета на фабриката за произвотство на слатко и ликер од познатата локлана овошка -Кум Кат. Вечерта, факултативна посета на грчка таверна со традиционална музика. Ноќевање.
17.април КРФ – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување кон пристаништето и трансфер со траект до Игуменица. Патување со попатни одмори, до пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
|
|
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: |