vila Barbara, Sivota
Оваа вила е лоцирана во широк центар на Сивота околу 250 метри од брегот и шеталиштето и 250 метри од плажата Galikos. Студијата 02 се сместени на први и втори спрат и поседуваат француски кревет или два стандардни кревети, кујна (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), купатило со туш-када, ТВ, клима (со доплата) и тераса со гарнитура за седење. Студио 03 се сместени на приземје и поседуваат француски кревет и кревет на извлекување, кујна (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), купатило со туш-када, ТВ, клима ( со доплата ) и тераса со гарнитура за седење. Апартмани 02/03 сместени на приземје, поседуваат француски кревет во спална соба и трет кревет-нормален се наоѓа во друга просторија каде е и кујната(фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), и фотеља на извлекување, купатило со туш-када и тераса со гарнитура за седење. Апартмани 04 се сместени на први и втори спрат и поседуваат два стандардни кревети во спална соба, а во друга просторија има кујна (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), во која се наоѓаат и кревети на спрат, купатило со туш-када и тераса со гарнитура за седење. Климата се доплаќа по студио / апартман.
Цените се изразени во евра (1еур=62ден.), по лице за соодветниот број на нокевања.
– Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
– Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
-Доплата за тур.такса на лице место.- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.