БУДВА со посета на Острошки Манастир и факултативна посета на Дубровник
термин: 13 Aприл 2017 / 4 дена – 2 ноќи
1ден (четврток) 13.04.17 ШТИП/СКОПЈЕ – БУДВА
Поаѓање од Штип во 21:30 часот (на 13 Април) пред Новата пошта. Од Велес во 22:15 часот на бензиска Макпетрол (кружен тек под Костурница). Од Куманово во 22:30 а бензиска Макпетрол-автопат. Поаѓање од Скопје во 23:00 часот на паркингот пред VIP хотел (наспроти Скопски саем). Ноќно возење преку Косово и Албанија со паузи за одмор и царински формалности.
2ден (петок) 14.04.17 Острошки манастир – БУДВА
Во утринските часови пристигнување во манастирот Острог-сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград ( основан од Митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век). Слободно време за негово разгледување или утринска литургија. Поаѓање кон Будва (со попатно фотографирање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Планирано пристигнување во пладневните часови. Сместување во хотел Виногради 3* во центарот на Будва. Слободно време за одмор или прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град на Будва, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Уживање, фотографирање покрај море… Ноќевање.
3ден (сабота) 15.04.17 (факултативна посета на Дубровник )
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник и Дубровачките градски тврдини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија… слободно време за кафе или ручек покрај море. Враќање во Будва во предвечерните часови. Ноќевање.
4ден (недела) 16.04.17 БУДВА – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Слободно време за прошетка или утринско кафе покрај море. Поаѓање кон Македонија во 13 часот. Пристигнување во вечерни часови.
Цена на аранжманот: 69€ / 4.300мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Посета на острошки манастир
– 2 ноќевања со појадок во хотел Виногради 3* во Будва
– организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– целодневна посета на Дубровник 10€ (доплата на лице место во автобус)
– Доплата за еднокреветна соба +25€
– Патничко осогурување 180мкд.
Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници.
– За реализација на факултативата ДУБРОВНИК, потребен е минимум 35 патници.
Опис и галерија на хотелот Vinogradi во БУДВА
хотел Vinogradi 3* се наоѓа на одлична локација во централниот дел во Будва на само 50м од главниот булевар и 150м од добро познатата Словенска плажа. Веднаш до хотелот има пекара и маркет а во непосредна близина на булеварот се наоѓаат многубројни продавници, барови, ресторани.. Хотелот Располага 30 двокреветни и трокреветни соби на 4 ката. На секој спрат има пегла и даска за пеглање – бесплатно за гостите. Секоја соба е со комплетно нов намештај, тв-лцд, клима-вклучена во цената, мини фрижидер, чајник, сеф, тераса.. Чистењето на собите и промена на крпи е секојдневно, промена на постелини еднаш неделно. Хотелот располага и со ресторан+летна тераса каде се служи појадокот (шведска маса) и вечера по избор од 2-3 јадења. Бесплатен Wi Fi интернет.