vila Bisera, Polihrono
Villa Bisera е нов објект лоциран непосредно до еден од влезовите во Полихроно. Оддалеченоста од околу 70м до главната улица која минува крај црквите во Полихроно, како и дополнителните 300м до градската плажа, ја карактеризираат вилата како одличен избор за престој во Полихроно. Овој целосно реновиран објект со квалитетен мебел и инвентар, од минатата година се вброи меѓу најубавите објекти за приватно сместување во ова познатото туристичко летувалиште. Во својот состав објектот располага со повеќе студија и апартмани, распоредени во приземје и трите ката на зградата. Студијата освен со мини кујна опремени се и со дупли и помошен лежај на отварање, кој е соодветен за сместување на дете како трето лице. Апартманите пак имаат посебна спална соба во која се наоѓа дуплиот лежај и дневна соба во која освен одлично опремена кујна има и кауч со фиока (душек) на отварање. Во собата е можно сместување уште на две возрасни лица. Во сите единици од објектот, кујните се комплетно опремени, а креветите и душеците за престој се со хотелски квалитет. Во студијата, како и во апартманите (во двете простории) се инсталирани клима уреди чие користење е бесплатно. Во објектот е овозможено и користење на WiFi интернет, но агенцијата не е одговорна за неговиот квалитет, Паркингот е можен на улиците во неговата близина.
Цените се дадени во евра (1еур=62ден.) за наем на студио/ апартман на 7 ноќeвања
Туристичка такса се плаќа на лице место 2еур по апартман од ноќ
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)