JJ Apartmani, Pefkohori

Локација: Villa JJ Apartments е познат објект, кој се наоѓа во центарот на Пефкохори, на 80 метри од плажата. Во непосредна близина има бројни таверни, маркети, слаткарници.

Содржина на вилата: Во нашата понуда располагаме со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија на високо приземје и втор кат. Вилата има лифт. На гостите на последниот ден од престојот им е достапен тоалет. Вилата нема паркинг. Вила Џеј Џеј е објект со идеална локација, прекрасно опремени сместувачки единици, кои на гостите им овозможуваат пријатен престој и удобност.

Опис на собите: Сите студија се опремени со кујна (мини електричен шпорет, фрижидер, садови) наменета за приготвување на лесни оброци, бања, WiFi (слаб проток), користење на климата е вклучена во цената, сеф, ТВ, фен, крпи. Чистење, промена на постелнина и крпи е на секои пет дена.

Во студијата или апартманите се влегува првиот ден од престојот во 15:30 часот (по локално време), а студијата и апартманите се напуштаат последниот ден од престојот најкасно до 09:00 часот (по локално време). Патниците влегуваат во исчистени и сподготвени сместувачки единици, но за време на престојот се должни да се грижат за нивната хигиена. Сите апартмани и студија имаат основен кујнски прибор и опрема, но не и тоалетна хартија и средства за хигиена.