hotel Naica 3*, Rimini
Римини го нарекуваат главниот град на италијанскиот крајбрежен туризам.
Во Римини постојат 7 до 8 плажи кои што се со слободен влез и каде што можете да си поставите вие пешкири бесплатно.
- Ќе имате можност да посетите бесплатен „Аква Парк“ кој е гратис од нашата агенција. Аква паркот се нарекува Beach Village. На плажа број 136.
Сместувањето во Римини е во хотелот Naica кој е хотел со 3+ ѕвезди и ги задоволува потребите и барањата на македонските туристи. Хотелот е на само 250 метри од слободната плажа, а престојот во хотелот вклучува и појадок за гостите.
Хотелот има двокреветни соби, трокреветни соби и можност во трокреветната соба да се додаде четврто легло.
Хотелот има бесплатен Wi-Fi, а има и ресторан и бар кои работат во текот на целиот ден и во кој гостите може да ручаат и вечераат со доплата дирекно во хотелот.
Собите во хотелот имаат ТV, тоалет и купатило, а дел од собите имаат и балкони, но сместувањето по собите го одредува менаџментот на хотелот според карактиристиките на собите.
Хотелот служи континентален појадок.
Собите на хотелот имаат клима уреди.
Што е вклучено во цената
9 ноќевања со вклучен појадок во хотел Наика во Римини
Автобуски превоз на релација Македонија- Римини-Македонија
Туристички придружник и целосна организација до дестинацијата и за време на одморот
Бесплатни влезници во аква парк
Бесплатен Wi-Fi во хотелските соби
Аранжманот за деца до 12 години изнесува 299 евра за сите аранжмани/ освен првиот термин кој е 279 евра.
За деца со полни 12 години се плаќа цела сума.
Поаѓање од Македонија-Поаѓањето од Македонија е ден пред започнување на аранжманот. Доколку ги гледате термините имајте предвид дека термините се од денот на Check in, а од терминот на Check out.Патувањето е со автобус во текот на ноќните часови. Се патува преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија. Со редовни попатни застанувања за тоалет, храна и одмор.Поаѓање од Скопје е во 13:00 часот.
Факултативни излети:
-Посета на најголемиот луна парк во Италија
-Посета на Сан Марино
-Посета на Равена
-Посета на Болоња