vila Nektarios, Polihrono
Вила Нектариос Б категорија, се наоѓа во Полихроно, на прва линија до плажа, покрај камениот споменик во Полихорно. Располага со мал број на соби и е идеална за оние кој преферираат плажата да им е близу.
Вилата нема сопствен паркинг. Сите соби се опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, сопствен тоалет, мини кујна опремена со основен прибор за готвење и јадење, балкон, wi-fi (за брзината на интернетот не гарантираме).Во услугата не се вклучени пешкири.
Цените се изразени во евра (1еур=62ден.)за НАЕМ на Студио / Апартман за 7 ноќевања
Напомена: првите три термини и последните два се промо цени и на нив не следува попуст
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2024
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2024
– Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (четврток)
- -Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
- -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60еур по лице
Опис на сместување
Вилата располага со 4 соби од кој, две трокреветни, еден апартман со една спална за пет лица, и еден двоспален апартман за 4 лица.
Трокреветните студиа се наоѓаат на приземје, и балконот е во правец кон друга вила, имаат еден дупли кревет и едно единечно легло, кујната е одделена од спалниот дел кој се затвара со врата, располагаат со сопствен тоалет со туш кадичка, кујната е опремена со основен прибор за готвење и јадење и мал фрижидер, имаат ТВ и клима вклучена во цената.
Двоспалниот апартман се наоѓа на прв спрат и истиот се состои од кујна опремена за готвење и јадење, од неа се влага во две посебни спални од кои едната е со две единечни легла, другата со еден спален кревет, овој апартман има балкон со поглед на море.
Едноспалниот апартман се наоѓа на прв спрат и истиот се состои од две простории, погодни за сместување на 5 возрасни лица, т.е во спалната има 3 единечни легла и тераса која гледа према море, и голема просторија каде е кујната опремена со основен прибор за готвење и јадење, и две единечни легла.