vila Meri, Platamona

ВИЛА МЕРИ се наоѓа на сама плажа во Платамона. Распoлага со едно двокреветно и едно трокреветно студио, двете на 1 кат. Секое студио има балкон со поглед на море, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi.

Од автобус до вилата е организиран трансфер со такси, вклучен во цената.

Попуст 15 % за 50 % уплата заклучно со 08.03.2024

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 1,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)